Кој сме ние?
Почитувани,
Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ГОКЕР-ПЛАСТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е основано на 25ти јули 2012 година.
Од неговото основање, па се до денес, друштвото работи како овластен дистрибутер во Република Северна Македонија и го нудиме целокупниот асортиман на производите на производителот Gökerplast од Истанбул, Република Турција.
Производителот Gökerplast го започна своето работење во сега далечната 1988 година и прерасна во водечки снабдувач на безбедносни пломби за многу деловни клиенти во Република Турција и врши директен извоз во 45 земји низ светот, а преку своите продажни агенти, производите на Gökerplast можат да се најдат на пазарите во повеќе од 80 земји низ светот.
Со производите на Gökerplast ќе се сретнете во најразлични индустрии, како што се индустријата за броила за комунални услуги, односно во индустријата за снабдување со електрична енергија, вода и гас, нафтената индустрија, транспортот, односно производство и дистрибуција на пломби за товарни камиони, вагони за железница, танкери за горива, полуприколки, производство и дистрибуција на ќеси за пари за потребите на банкарскиот сектор, поштенската индустрија, агенциите за обезбедување кои вршат пренос на пари, како и во многу други индустрии.
Нашето работење низ годините резултираше со голем број задоволни потрошувачи ѝ во Република Северна Македонија, па денеска можеме со гордост да Ве информираме дека производите на Gökerplast ги користат најголемите трговски друштва и јавните институции во нашата земја, меѓу кои се: ЛУКОИЛ, АД ПОШТИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЕВН МАКЕДОНИЈА, БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП (БЕГ), НЛБ БАНКА АД Скопје, Државна изборна комисија (ДИК), Агенција за храна и ветеринарство, МАКИНСПЕКТ, како и низа на други задоволни потрошувачи.
Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ГОКЕР-ПЛАСТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје би сакал да воспостави меѓусебна соработка врз основа на која би можеле да допринесеме и ние во Вашата успешна приказна.
Нашата мисија
Да се биде претпријатие ориентирана кон клиентите, кое нуди брзи и робусни решенија во производството на заштитни пломби во услови на постојано менување на потребите на клиентите, кое го прифаќа континуираниот развој и подобрување како принцип и ги исполнува своите одговорности кон животната средина.
Нашата визија
Нашата визија е да станеме глобална компанија која ќе ја максимизира својата дигитална трансформација во согласност со развојот на индустријата 4.0 и нејзината конкурентна моќ во индустријата за безбедносни печати до 2030 година.
Нашите вредности
Ние одговараме на постојано променливите потреби на нашите клиенти.
Ние ги задоволуваме барањата на нашите клиенти со иновативен пристап.
Искреноста, вистинитоста и транспарентноста се нашите главни принципи.
Ние се држиме до нашите етички вредности додека ја работиме нашата работа.
Ние се однесуваме одговорно кон еколошките, човечките и социјалните вредности.
Наши задоволни клиенти